HomeАктуелноНа „Криволак“ средба со новинари за претстојната вежба „Swift Response 22“

На „Криволак“ средба со новинари за претстојната вежба „Swift Response 22“

На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе биде одржан брифинг за вежбата „Swift Response 22“, што ќе започне викендов и која и е досега најголемата вежба што се реализира во земјава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Вежбата има особено значење за нашата Армија во однос на споделување на знаења, способности и вештини, зголемување на интероперабилноста и оспособеноста за заедничко дејствување со сојузничките вооружени сили во изведување на овој вид на операции, како и демонстрирање на капацитетите на АП „Криволак“ за изведување и на ваков вид на воени вежби, информираат од Министерството за одбрана.

Како што посочуваат, на брифингот ќе бидат презентирани сите можности за медиумско покривање на вежбата, а медиумите подетално ќе бидат информирани и за целта и учесниците на вежбата.

По брифингот, министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј, ќе дадат изјави за медиуми.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.