HomeАктуелноНа плоштадот во Охрид денес ќе биде одбележан Светскиот ден на органодарителството

На плоштадот во Охрид денес ќе биде одбележан Светскиот ден на органодарителството

Националното здружение ,,Храбро срце” трета година по ред ќе го одбележи Светскиот ден на органодарителството на плоштадот во Охрид денес во 12:00 часот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За таа цел, ќе бидат поделени едукативни флаери за подигнување на свеста, ќе бидат присутни истакнати кардиолози, интернисти, анестезиолози, матични лекари и медицински сестри кои секоја година ја даваат својата поддршка на макотрпните заложби на Здружението за подигнување на свеста за кадаверични трансплантации, информираат од НЗ ,,Храбро срце”.

Вашето малку, за нас значи многу! Ве очекуваме. Подари орган, спаси живот! -порачуваат организаторите.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.