Сообраќајот се одвива непречено по суви коловози.
– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце чекањето е околу час за излез и влез и на ГП Богородица чекањето е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
