HomeАктуелноНакитена традиционалната новогодишна елка во Охридското езеро, еве на кого ја посветија оваа година!

Накитена традиционалната новогодишна елка во Охридското езеро, еве на кого ја посветија оваа година!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, со поддршка на волонтерите на Црвен Крст Охрид, во Музејот на вода традиционално и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка во Охридското Езеро.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како и секоја, така и оваа нова 2024 година нуркачите елката им ја посветија на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.

Посетителите на Музејот на вода елката ќе можат да ја видат од денес па се до крајот на јануари.

Нуркачите од „Амфора“ велат дека со овој настан истовремено им ја честитаат новата 2024 година на сите граѓани на Македонија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.