Малкумина претпоставуваат дека обичниот интернет-рутер може да биде значаен потрошувач на електрична енергија, но според експертите, ако е вклучен 24 часа, неговата потрошувачка може да се спореди со уште еден дополнителен фрижидер во домот.
Германската Сојузна агенција за заштита на околината апелира граѓаните уште при купување да внимаваат на енергетската ефикасност на рутерите, особено на нивната потрошувачка во работен и во стенд-бај режим.
Препораката е да се избираат модели со можност за автоматско исклучување на безжичниот интернет кога не е во употреба, со што може значително да се намали непотребното трошење струја.
Голем дел од уредите во домаќинството продолжуваат да трошат енергија и кога се во мирување.
Полначите за мобилни телефони, на пример, остануваат активни дури и кога нема поврзан телефон.
Слично е и со дигиталните ТВ-приемници кои, иако телевизорот е исклучен, продолжуваат да примаат сигнал и трошат околу 22 вати дневно. Затоа, стручњаците советуваат и тие да се исклучуваат целосно од струја.
Компјутерите – и статични и лаптопи – се меѓу најголемите „тајни“ потрошувачи.
Ако останат приклучени во штекер, можат да потрошат до 95 вати на ден, а потрошувачката е уште поголема кога се оставени во стенд-бај режим.
Исклучувањето од приклучок е најдобриот начин за избегнување на непотребни трошоци.
Што е тоа што троши најмногу?
Според експертите, најголеми скриени потрошувачи во домаќинствата се компјутерите и лаптопите оставени во штекер, бидејќи трошат најмногу енергија дури и кога не се користат.
