HomeАктуелноНАЈНОВА ВЕСТ:Наскоро обвинение – кој ќе одговара за пожарот во ковид-центарот во Тетово

НАЈНОВА ВЕСТ:Наскоро обвинение – кој ќе одговара за пожарот во ковид-центарот во Тетово

Тетовското обвинителство лоцирало кривична одговнорност за пожарот што се случи во модуларната болница во Тетово минатата година, кога живи изгореа 14 пациенти болни од Ковид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од Обвинителството потврдуваат дека наскоро ќе има обвинение, но против кого и колку лица ќе се знае кога ќе биде изработена јавнообвинителската одлука.

Лоцирана е одредена одговорност. Реферирано е во државното јавно обвинителство и обвинителниот акт е во завшрна фаза, а кога ќе заврши ќе бидат објавени информациите за јавноста за лицата за кои е утврдена одговорност, велат од Обвинителството.

Алсат објави дека за трагедијата ќе се гонат три физички и едно правно лице, а потоа излегоа и неофицијални информации дека за пожарот ќе одговараат здравствената установа, како и три одговорни лица во болницата, но оваа информација официјално не е потврдена.

Од извршените вештачења беше објавено дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор, односно апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

Во пожарот изгореа 14 лица, вечерта на 8 септември 2021 година. Засега нема никаква одговорност за нивната смрт.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.