HomeАктуелноНАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СОСТОЈБАТА НА ПОЖАРИТЕ ВО ЗЕМЈАВА

НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СОСТОЈБАТА НА ПОЖАРИТЕ ВО ЗЕМЈАВА

Центарот за управување со кризи информира дека до 12 часот во земјава имало вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои шест активни, три под контрола и три изгаснати.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во Општина Прилеп 1 – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, крак према с. Градешница и друг према граница со Грција каде гори мешана шума, вториот пожар во прилепско е крак кон село Дрен, делот помеѓу Царевиќ и Смолани е под контрола (мешана шума и ниска вегетација); во Општина Македонски Брод – меѓу с. Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација); во Општина Штип – меѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева) и во Општина Желино – меѓу с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума).

Под контрола се два пожари во Македонски Брод и тоа во с. Грешница (мешана шума и сува трева) и во с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума), а третиот е во Карбинци – с. Јунузлија (шума).

Изгаснати се пожарите во струмичко и тоа во месноста викана Три Води (ниска вегетација и мешана шума), во Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација);
и во Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (дива депонија).

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.