HomeАктуелноНивото на Охридското Езеро за десет сантиметри под просекот за август

Нивото на Охридското Езеро за десет сантиметри под просекот за август

Водостојот на Охридското Езеро минимално подобрен, но и понатаму е далеку од августовскиот просек.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,35 м.н.в, што е за десет сантиметри под просекот за август (693,45 м.н.в), односно 25 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 22,5 степени, за еден пониска од просекот

Врнежите од дожд во мала мера позитивно се одразија на хидролошката состојба, па за една недела нивото е покачено за два сантиметри.

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство вемоделство, шумарствои водостопанство управа хидрометеоролошки работи- (споредба 1: хидролошка информацила за реките природните езера претходниот ден очекувана енденција наредниот ден) 30/08/2022 прикажани cm станица легуновце вардар лепенец 44 30.08.22 36 31.08.22 просек брод- треска август 120 20 бана- пчина к.паланка- 66 берово брегалница 32 46 18 97 струмица струмица 97 79 ложани- дрим 66 табела водостои рикажани 46 MHM измерени 07:30 = 146.63 -16 нд 146.63 = 693.35 144.21 .доран 693.35 охрид ез.охрид 693.45 25.6 20.5 23.0 = нд = изработил ди 23.5 одобрил: в.д. директор, M-p ивица тодоровски нивна обработка промената водостојот“

Во Охрид денес претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Попладне е можен локален дожд и грмежи. UV индексот ќе биде 5, а максималната температура ќе се искачи до 26. степени.

– До среда времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град, информираат од УХМР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.