HomeАктуелноОва е вистината што се крие зад најубавата песна на Влатко Миладиноски што Македонците гордо ја пеат

Ова е вистината што се крие зад најубавата песна на Влатко Миладиноски што Македонците гордо ја пеат

Песна што гордо ја пеат од Колумбија до Австралија, а е „родена“ во Егејска Македонија

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Велат нé нема, ама еве сме!

Еден од најголемите хитови на Влатко Миладиноски, „Велат не нема“, важи за химна на Македонците раселени низ светот.

Оваа песна е дело на Тоде Новачевски кој е автор на музиката, додека текстот е на Крсте Наумовски- Мечкар.

Миладиноски со оваа песна победува на „Гоце фест“ во 2018 година, кога еден од нашите најпознати пејачи на народна музика од помладата генерација ќе ја добие и наградата од Здружението на деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија.

И како што самиот Влатко во една пригода откри, песната е напишана за Македонците од Егејска Македонија, но истовремено се однесува и до раселените нашинци кои ги има насекаде низ светот.

Инспирирана е од еден случаен настан, кога авторот на текстот наишол на Македонци како играат оро во центарот на Солун.

Песната воедно е и една од последните авторски песни на Новачевски, кој почина во 2022 година во Мелбурн, Австралија.

Тоде во оваа земја живееше последните триесетина години од животот, а почина по долга и тешка битка со канцер.

Тој беше автор на некои од најубавите македонски народни и забавни песни, а со пејачката Маријана Новачевска, со која беше во брак долги години, но беа разведени, ги добија синот Филип и ќерката Магдалена.

„Велат не нема“ на колумбиски начин

Потсетуваме, Влатко на еден од своите последни концерти оваа песна ја испеа заедно со Колумбиецот Јанко, музичарот кој со своите пријатели дојде од Колумбија и кои ја обожаваат македонската фолк музика.

Оваа песна овие денови стана мошне актуелна и откако Јанко им ја испеа на неколку млади Грци на социјалните мрежи, кои истовремено ги праша дали знаат од кој земја е песната и дали некогаш ја слушнале.

Тие цело време се правеа како да не разбираат ништо, а кога еден од нив кажа Северна Македонија, Јанко веднаш реагираше.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.