HomeАктуелноОваа држава ги затвори аеродромите поради безбедносна закана од дронови

Оваа држава ги затвори аеродромите поради безбедносна закана од дронови

Данска ги затвори своите аеродроми за сите цивилни летови денес, откако непознати дронови беа забележани во близина на неколку воени објекти во текот на ноќта, објави министерот за одбрана на земјата Троелс Лунд Поулсен.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој изјави дека забраната ќе трае до петок следната недела, пренесува Ројтерс.

„Моментално сме во тешка безбедносна ситуација и треба да обезбедиме најдобри можни услови за работа за вооружените сили и полицијата кои се одговорни за безбедноста за време на самитот на ЕУ“, рече Поулсен.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.