Денеска (17.08.2022) во рамките на превентивниот проект „Безбедно лето 2022“, ОВР Кичево, во соработка со РСБСП на подрачјето на Кичево ја спроведоа превентивната кампања „Носи кацига, вози безбедно, вози одговорно!“, чија целна група беа возачите на мотоцикли и електрични тротинети, како ранлива категорија учесници во сообраќајот.

Целта на кампањата е актуелизирање на потребата од носење заштитна кацига и друга опрема заради зголемена безбедност во сообраќајот, подигање на нивото на сообраќајна култура на оваа категорија што треба да придонесе за намален број на сообраќајни незгоди и последици по мотоциклистите.
Во таа насока, полициските службеници од ОВР Кичево, на неколку сообраќајни пунктови низ градот и околината на мотоциклистите им делеа летоци со едукативни практични совети за правилно учество во сообраќајот и ги потсетија на строго придржување до сообраќајните правила и прописи.
Оваа превентивна кампања ќе се спроведува и на целото подрачје на СВР Охрид,информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
