HomeАктуелноОсмани во Букурешт на состанок на Северно-атлантскиот Совет на НАТО

Османи во Букурешт на состанок на Северно-атлантскиот Совет на НАТО

Од Минхенската лидерска средба, шефот на дипломатијата, Бујар Османи, денеска и утре ќе учествува на НАТО состанокот на Северно-атлантскиот совет, на ниво на министри за надворешни работи, во Букурешт, Романија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите на НАТО – министерскиот состанок ќе бидат актуелните безбедносни состојби, ситуацијата во Украина и политичката и практична поддршка од страна на земјите – членки. Воедно, ќе стане збор и за зајакнување на индивидуалната и колективна отпорност на земјите членки наспроти долгорочните предизвици со кои се соочува Алијансата.

Сојузниците ќе се осврнат и на стратешкото значење на Западен Балкан и Црноморскиот регион за НАТО и во таа насока на потребата од зајакнатата поддршка за земјите партнери изложени во поголем ризик, стои во соопштението. 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.