HomeАктуелноОхриѓанец заработи кривична пријава откако неовластено постави лежалки на плажа

Охриѓанец заработи кривична пријава откако неовластено постави лежалки на плажа

СВР Охрид поднесе кривична пријава  против С.Р.(65) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело  „узурпација на недвижности”. С.Р., како сопственик и управител на правното лице, во периодот од јуни до септември 2022 година, на плажа на охридското крајбрежје, на површина од околу 80 метри квадратни, неовластено поставил 50 лежалки и 25 чадори за сонце.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тоа го направиле без да поседуваат одобрение за тоа, издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште при општина Охрид и без да платат соодветен надомест за користење на државен имот, а со намера да остварат незаконски профит, додава портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.