Сопственик на угостителски објект во Охрид вчера попладне пријавил во полицијата нарушување на јавниот ред и мир. Во пријавата стои и дека по претходно недоразбирање со вработен во објектот, 33-годишен охриѓанец почнал да фрла и предмети.
По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информира СВР Охрид.
