На 12-04-2022 година во 18,15 часот, во СВР Охрид приведен е С.К.(22) од Охрид.
Тој, претходно на улицата „Егејска“ во Охрид, со патничко возило „Корса“ во кое бил и С.К.(24) од Охрид, го избегнал сообраќајниот пункт на кој полициски службеници преземале мерки во сообраќајот. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава. – информира потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
