HomeАктуелноОхриѓанец со 1,55 промили алкохол во крвта возел во Кавадарци

Охриѓанец со 1,55 промили алкохол во крвта возел во Кавадарци

Денеска во три часот на улица „Цано Поп Ристов“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода М.Т., на возраст од 38 години од Охрид. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека М.Т. управувал патничко возило „киа“, со охридски регистарски ознаки, под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР – Велес.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој бил приведен во полициска станица.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, појаснија од СВР – Велес.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.