HomeАктуелноОхриѓанец уапсен откако запалил глисер, пожарот зафатил и зграда и автомобил

Охриѓанец уапсен откако запалил глисер, пожарот зафатил и зграда и автомобил

На 09.09.2025 во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.С.(52) од Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој се сомничи дека околу 02:33 часот во дворно место на ул.„Даме Груев“ во Охрид предизвикал пожар на глисер, кој се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, кои се сопственост на неговиот брат Ј.С.(45) од Охрид. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, информираат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.