HomeАктуелноПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Три градови урнаа рекорди – историски највисоки температури во јуни

ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Три градови урнаа рекорди – историски највисоки температури во јуни

Босна и Херцеговина денес беше погодена од врвот на топлотниот бран, а Сараево, Добој и Тузла влегоа во историјата како градови што го забележаа најтоплиот јунски ден откако започнаа официјалните метеоролошки мерења.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според податоците објавени од босанското метео, во Добој денес се измерени 38,2 степени, што е за 0,2°C повисоко од претходниот рекорд поставен на 24 јуни 2021 година (38,0°C).

Тузла забележа уште поизразени промени, каде што температурата достигна 37,7°C, надминувајќи го стариот рекорд од 2007 година за половина степен.

И Сараево денеска го забележа најтоплиот јунски ден во својата историја. Според официјалните мерења, во сенка во Бјелаве се измерени 38,8°C, со што е соборен претходниот рекорд од јуни 2021 година, кога беа измерени 38,3°C.

Сите овие податоци доаѓаат од официјални мерни станици на државните хидрометеоролошки институти. На директна сончева светлина, топол бетон и асфалт, температурите се многу повисоки, а кога се додава висока влажност на воздухот – субјективното чувство надминува 50°C, предупредува босанското Метео.

Експертите советуваат да се избегнува престој на отворено во најжешкиот дел од денот, редовно да се пијат течности и секогаш кога е можно да се престојува во климатизирани простории.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.