HomeАктуелноПецаков: Општина Охрид ќе мора да ги земе работите во свои раце како главен организатор на Охридски пливачки маратон

Пецаков: Општина Охрид ќе мора да ги земе работите во свои раце како главен организатор на Охридски пливачки маратон

Охридскиот пливачки маратон e oбележје на Охрид, а со неговата долгогодишна традиција постана и државно и светско обележје. Затоа Охридски пливачки маратон треба и мора да се одржи.
На денешниот координативен состанок ги разгледавме сите можности за одржување на Охридскиот пливачки маратон.
За оваа година правиме се’ што е во наша моќ за да се одржи маратонот, а за организацијата од наредната година мора да се променат работите бидејќи е очигледно дека ваквиот пристап не фунцкионира.
Она што во моментот е најважно да се обезбеди доволно време за пливачите да може да се организираат и да учествуваат на Охридскиот пливачки маратон, бидејќи без пливачи неможе да се одржи маратонот.
Нашите напори и заложби продолжуваат и во текот на денов за Охридскиот пливачки маратон и годинава да се одржи.
Детали околу овогодинешното издание на Охридскиот пливачки маратон ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден,напиша градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков.
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.