HomeАктуелноПо 11 години застој: Обезбедени 470 милиони денари за довршување на затворениот базен во Охрид

По 11 години застој: Обезбедени 470 милиони денари за довршување на затворениот базен во Охрид

По повеќегодишниот застој, конечно се отвора патот за завршување на затворениот базен во Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Владата обезбеди 470 милиони денари за целосно довршување на објектот, кој се гради повеќе од една деценија.

За новината денеска се огласи и охридскиот пратеник Сашо Донев, кој ја сподели информацијата и порача:

Конечно! После 11 години чекање, Охрид го добива покриениот базен.

Проектот започна во 2015 година, но во изминатите години беше проследен со застои и нерешени технички и финансиски прашања. Со обезбедувањето на средствата сега се создаваат услови за продолжување и завршување на изградбата.

За Охрид, реализацијата на овој проект би значела добивање современ затворен спортски објект што ќе може да се користи во текот на целата година.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.