HomeАктуелноПовод за славење во домот на Гавазова: Се роди нов член на семејството

Повод за славење во домот на Гавазова: Се роди нов член на семејството

Македонската фолк пејачка Сузана Гавазова сподели убава семејна вест која донесе голема радост во нивниот дом.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Имено, нејзиниот посинок Емил, син на нејзиниот сопруг Јасмин, стана татко на машко дете. Среќната вест Гавазова ја објави на социјалните мрежи, не криејќи ја радоста по повод доаѓањето на новиот член во семејството.

„Нашиот Емил, синот на Јасмин, доби син! Среќата е неопишлива, срцата ни се полни со љубов и благодарност“, напиша пејачката во својата објава.

Таа им посака на бебето и на неговите родители многу здравје, љубов и среќни моменти, истакнувајќи дека семејството има прекрасен повод за славење.

Под објавата веднаш пристигнаа бројни честитки од пријатели, колеги и следбеници, кои на новороденчето му посакаа долг, среќен и благословен живот.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.