Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за два денари по литар, а мазутот поевтинува за 1,215 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 99,5 денари за литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 87,5, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 90, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 97,5 денари за литар. Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС, пак, ќе изнесува 52,740 денари за килограм.
