HomeАктуелноПожар над Крива Паланка излегува од контрола – Општината со итен апел за помош

Пожар над Крива Паланка излегува од контрола – Општината со итен апел за помош

 

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Општина Крива Паланка упати апел до сите граѓани кои можат да се приклучат и да помогнат во гаснењето на пожарот, кој излегува од контрола и се шири со огромна брзина во неколку правци!

Станува збор за закана од големи размери – на удар се домови, шуми и животи! Не е време за чекање или размислување – апелирам до сите граѓани што се во можност: ИЗЛЕЗЕТЕ И ПОМОГНЕТЕ! Секоја рака помага! Секоја канта, секој човек, секој обид е од огромно значење! Да покажеме дека сме заедница што се грижи, реагира и делува кога е најтешко, апелира Општината.

Од таму ги советуваат граѓаните за да споделат, да се организираат, и да ги известат сите што можат.

Инаку во меѓувреме, над Крива Паланка можеше да се слушне и пристигнување на воздушна поддршка.

Градоначалникот Сашко Митовски извести дека е побарана помош од околните општини, од надлежните државни институции како и од соседна Бугарија.

Тој апелираше и да не се користи непотребно водата од бунарите и резерварите, со цел да има доволно вода за гаснењето.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.