Вчера, (03.08.2023, четврток) дирекорот на ЦУК информира за вкупно 23 пожари на отворен простор. Еден е сѐ уште активен, се догаснува (пожарот кај Богданци) а 22 се целосно изгаснати.
На територијата на Скопје имаше 5, Кичево 2, Куманово 5, Велес 1, Кавадарци 1, Дојран 1, Струмица 2, Кочани 1, Делчево 1, Тетово 1 и Гостивар 2.
Во 19 пожари гореше ниска вегетација а во 4 ниска шума.
Затоа апелирам до сите македонски граѓани да бидат исклучително внимателни да не предизвикаат пожар! – додава Ангелов.
Палење на оган и скара на отворено, палење на стрништа и пасишта, фрлање отпушоци или работа со алат кој искри за миг може да предизвика пожар.
И најмалиот пожар за миг може да излезе од контрола и неколку стотици метри или неколку километри подалеку може да убие човек или да нанесе огромна материјална штета.
Од ЦУК упатуваат голема благодарност до исклучително професионалните и храбри пилоти на Ер Тракторите и хеликоптерите како и до храбрите македонски пожарникари од територијалните противпожарни единици, доброволните противпожарни друштва, екипите на ДЗС и Национални Шуми и градоначалниците, како и вработените во ЦУК кои ги координираат сите набројани единици и ресурси.
Сите заедно досега покажаа дека се на висина на задачата, вели директор на ЦУК, Стојанче Ангелов
