HomeАктуелноПожарот во викендицата на Пандов бил нарачан

Пожарот во викендицата на Пандов бил нарачан

„Имаме неколку осомничени лица кои ја запалија мојата викендица, но наскоро ќе бидат фатени и тие, ама ќе бидат фатени и нарачателите на пожарот“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ова, одговарајќи на новинарско прашање, денеска го изјави директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов, додавајќи дека нарачателите на пожарот во викендицата во селото Орешани кај Зелениково се многу поважни од самите сторители на делото.

-Конкретно немам што да ви кажам во моментов. Но, сепак, ќе ви откријам дека има неколкумина осомничени за подметнување на пожарот во викендицата. Наскоро ќе бидат фатени, а фатени ќе бидат и нарачателите на пожарот – рече Пандов.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.