HomeАктуелноПожарот во „Винчини” ставен под контрола, неколку пожарникари повредени при гасењето

Пожарот во „Винчини” ставен под контрола, неколку пожарникари повредени при гасењето

Неколку пожарникари сте здобиле со повреди при гаснењето на пожарот што избубна вчера во фабриката Макпрогрес во Виница позната по брендот Винчини. Пожарот е ставен под контола, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спаусвање Стојанче Ангелов.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Опожарени се три линии означени како 6, 7 и 8 (од кои два магацини), сите имале сончеви панели на покривот. Спасени се линиите од 1 до 5. Пожарот е под целосна контрола. Во гаснењето учествуваа пожарникари од ТППЕ Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес, наведува Ангелов.

Тој наведува дека неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните.

При обидот да ги одглават стопалата чизмите им останале во стопениот шеќер и згазнале во стопената смеса, појаснува Ангелов.

Пожарот во фабриката за кандирани производи и вафли во Виница избувна вчера вечер во 18:40 часот, во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8 на фабриката.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.