HomeАктуелноПолитичко кафе во Тетово: Левица и ДУИ на иста маса – коалиција на повидок?

Политичко кафе во Тетово: Левица и ДУИ на иста маса – коалиција на повидок?

Фотографија од кафе-средба меѓу кандидатката на Левица од Тетово, Катка Божиновска, и функционер на ДУИ, Ардит Исмаили, повторно ја разгоре дебатата – дали Левица и ДУИ ја официјализираа својата коалиција?

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во јавноста се повеќе се зборува за можно коалицирање меѓу Левица и ДУИ, особено по најновата фотографија направена во центарот на Тетово. На неа, Божиновска и Исмаили – поранешен ПР на Бајрам Реџепи и Теута Арифи – се гледаат во пријателска атмосфера.

Неофицијално, на средбата се разговарало за заедничко делување во вториот круг на локалните избори, како и за координација во Советот на Општина Тетово.

Сè повеќе јавни реакции ја отвораат дилемата:
 Дали конечно паѓаат маските за можната коалиција меѓу ДУИ и Левица?

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.