HomeАктуелноПолицијата со засилени сообраќајни контроли, се „лета“ по македонските патишта

Полицијата со засилени сообраќајни контроли, се „лета“ по македонските патишта

Во текот на вчерашниот ден (29.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 311 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 194 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 117 надвор од населено место.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.