Министерството за дигитална трансформација на 28 октомври официјално ќе ја промовира мобилната апликација „м.Услуги“, најави министерот Стефан Андоновски.
Апликацијата ќе биде достапна бесплатно преку Google Play и App Store, а граѓаните ќе можат да се најават преку својот профил на порталот uslugi.gov.mk.
Во првата фаза ќе бидат достапни електронска верзија на личната карта и возачката дозвола, како и три услуги за граѓаните.
Андоновски најави дека апликацијата постепено треба да прерасне во дигитален паричник, во кој во иднина би се интегрирале и податоци здравствениот систем и други документи и услуги.
Користењето ќе биде доброволно, а институциите постепено ќе треба да ги приспособат подзаконските акти и процедурите за прифаќање на електронските документи.
