HomeАктуелноПретпладне сончево, попладне со услови за дожд

Претпладне сончево, попладне со услови за дожд

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени.

Во Охрид претпладне сончево, попладне ќе има развој на нестабилна облачност со дожд. Максималната температура ќе достигне до 27 степен.

Во наредните денови под влијание на нестабилна воздушна маса времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.