HomeАктуелноПретседателот на „ЗНАМ“ Максим Димитриевски откри детали за сопругата: „Лавица е, како ме фати не ме пушти“

Претседателот на „ЗНАМ“ Максим Димитриевски откри детали за сопругата: „Лавица е, како ме фати не ме пушти“

Градоначалникот на Куманово никогаш поискрено не зборувал за своето семејство.

Максим Димитриевски откри детали за приватниот живот и сопругата. Градоначалникот на Куманово гостуваше во поткастот на Лазаров, каде откри каков е тој приватно.

Скоро 3 децении е во брак со неговата сопруга Надица, со која имаат три деца. Надица по професија е наставничка. Димтриевски вели дека токму таа е неговата најголема поддршка целиот живот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Жена ми е лавица, опасна. Голема поддршка имам од сопругата. Заедно сме од 1995 година, се вратив од војска, ми стана девојка, па еднаш ми се налути, ми нправи прекин, тоа жеснак тактика е. Месец, месец ипол да патиш за да се загрееш уште повеќе и после на втора како ме фати не ме пушти. Многу сум горд на неа, ми роди 3 деца и го почитува семејството.

Живеев доста долг временски период со моите родители, во иста семејна куќа и тоа е многу тешко во денешни услови, сега веќе не е така“, рече градоначалникот.

Плод на нивната љубов се нивните три деца Милан, Вероника и Димитар, на кои се трудат да им ги пренесат вистинските морални вредности и љубовта кон семејството.

Најстариот син има 21 година, студира и работи во Скопје. Живее под ќирија, си има свој живот и девојка. Ќерка ми има 19 години, студира архитектура и патува до Скопје и најмалиот, Димитар, тој тропа тапани, свири во училишниот оркестар. Горд сум на сите нив. Посакувам сите граѓани да имаат семејство како моето, истакна тој.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.