Денеска (10.05.2022) во 01.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода К.К.(25) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.
