HomeАктуелноПриведен кумановец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Приведен кумановец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

На 15.07.2025 во 04.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(31) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „опел”, кое го управувал Ф.А., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.57 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.