Охриѓанец вчера бил приведен бидејќи кај него била пронајдена марихуана, информираат од МВР.
На 13.01.2023 во 12.00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Б.П.М.(33) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана,велат од МВР.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
