На 19.03.2022 на ул.„Прилепска“ во Битола, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Битола лишиле од слобода двајца битолчани, едниот 29, а другиот 30-годишен. Тие биле затекнати при извршување тешка кражба во продажен објект и автоперална каде одзеле повеќе предмети. Биле приведени во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. Одземените предмети биле вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик.
