HomeАктуелноПриведени двајца крадци од гостиварско

Приведени двајца крадци од гостиварско

Вчера во 13.25 часот во с.Добри Дол, гостиварско, од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар бил лишен од слобода Е.А.(26) од с.Добри Дол.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој се сомничи дека заедно со Е.Ф.(21) од истото село, кој околу 17.30 часот исто така бил лишен од слобода, извршиле кривично дело „тешка кражба” во помошен објект на приватен имот во селото, при што одзеле повеќе предмети.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе следи соодветен поднесок.
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.