Од СВР Охрид информираат дека на 06.05.2022 година во 00.50 часот во СВР Охрид приведени се С.К.(37), Н.Т.(34), двајцата од селото Мешеишта, општина Дебарца и Љ.Н.(41) од охридското село Велгошти.
Тие во угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид агресивно се однесувале кон полициските службеници кои преземале службени мерки. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додава потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
