HomeАктуелноПроменливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд

Променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во крајните западни и крајните источни делови. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува силен југозападен ветер. Кон крајот на денот поради заладување на планините врнежите ќе преминат во снег.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени.

Во Охрид времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува силен југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините со локални врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.