HomeАктуелноПронајден хашиш при претрес во Струмица – приведено едно лице

Пронајден хашиш при претрес во Струмица – приведено едно лице

МВР информира дека вчера во 16.45 часот во Струмица полициски службеници го лишиле од слобода Р.П.(37) од Струмица во чиј дом бил пронајден хашиш.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден хашиш, дигитална вага и дробилка, а при личен претрес на Р.П. било пронајдено полиетиленско ќесе со хашиш. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, наведува МВР.

По документирање на случајот, против Р.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.