HomeАктуелноПронајдена дрога во Кичево, приведени две лица

Пронајдена дрога во Кичево, приведени две лица

На 01.09.2022 во 19.50 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево  ги лишиле од слобода Н.И.(23) од кичевското село Србјани и А.Л.(24) од Струмица. При претрес во дом во Кичево, што привремено го користела А.Л., извршен со судска наредба и во присуство на адвокат, полициските службеници го затекнале Н.И. и кај него пронашле и одзеле кокаин. Од А.Л. била одземена една дигитална вага и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.