Граѓаните во Белгија денеска излегоа на улиците за да го покажат своето незадоволство од зголемените трошоци за живот.
Поради протестите и демонстрациите на населението бриселскиот аеродром ги откаже сите полетувања, а многу автобуски линии низ земјата се суспендирани.
Синдикатите во соопштение наведоа дека очекуваат десетици илјади луѓе да присуствуваат само на демонстрациите во Брисел.
Железничкиот транспорт работи, делумно за да им овозможи на демонстрантите да дојдат во Брисел. Аеродромот во Брисел соопшти дека не може да дозволи полетување на патнички летови бидејќи штрајкот се проширил на безбедносниот персонал.
Локалниот јавен превоз може да обезбеди минимални услуги, пренесува Ројтерс. Инфлацијата во Белгија достигна 9 отсто во јуни, што го одразува наглото зголемување на трошоците за живот, најмногу поради тоа што руската инвазија на Украина ги погоди синџирите за снабдување со жито и предизвика пораст на цените на енергијата.
