HomeАктуелноРасчистена тешка кражба на дрзок начин во Битола, следува соодветна пријава

Расчистена тешка кражба на дрзок начин во Битола, следува соодветна пријава

На 05.08.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода В.А.(43) од Битола, а на службен разговор го повикале неговиот малолетен син. Имено, околу 09.20 часот на ул.„Мирка Гинова” во Битола малолетникот со употреба на сила одзел паричник од А.И.(70) од Битола, а тој се сомничи дека го поттикнал да го изврши делото. Набргу, по преземени мерки тие биле пронајдени и со нив бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Битола.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.