HomeАктуелноРегионален натпревар „Млади библиотекари“

Регионален натпревар „Млади библиотекари“

Денеска во 10 часот во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ на кој учество пријавија 14 ученици од основните училишта во Охрид и Oпштина Дебрца.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тестот за натпреварувачите ќе се состои од 20 прашања на кои писмено ќе одговараат за време од еден час. Натпреварувачите ќе се потпишуваат со шифра, а Комисија од Библиотеката по прегледувањето на прашалниците на посебен настан ќе го прогласи победникот, информират од охридската Библиотека.

Додаваат дека победникот од натпреварот ќе се стекне со право на учество на 22. Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој во организација на Библиотекарското здружение на Македонија годинава ќе се одржи во библиотеката „Искра“ во Кочани на 12 мај.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.