Инаку, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 82 прекршоци се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 193 за неправилно паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 40 лица кои некористеле сигурносен појас.Изречени се 33 санкции за користење мобилен телефон при возење, а прекршочни санкции добиле и 15 возачи почетници, пет возачи за престигнување и двајца возачи на електричен тротинет.Исто така согласно Законот за возила, 46 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а девет возила заради техничка неисправност, информираат од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за поголема безбедноста на патиштата, додаваат од МВР.
