HomeАктуелноСвечен настан и изложба во чест на жртвите од Втората светска војна и војната во Украина

Свечен настан и изложба во чест на жртвите од Втората светска војна и војната во Украина

Свечен настан во чест на жртвите од Втората светска војна (1939-1945) и Руската војна против Украина од 2022 година ќе се одржи денеска во Музејот на македонската борба, соопшти Амбасадата на Украина.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во рамки на настанот ќе биде отворена изложба на фотографии „XXI век. Европа. Непростливо злосторство “.

– Ние, Украинците, се сеќаваме каква страшна трагедија беше за нас Втората светска војна. За нас 8 – 9 мај не е триумф, не е празник, туку спомен, оддавање почит на жртвите од војната, потсетување на страшните злосторства. За нас, ова не е култ на победата, туку ценење на мирот и животот. Ние, Украинците, сме херојски и храбар народ. Ние имаме прекрасна, моќна Армија. Ние сме на наша земја и никому нема да ја дадеме. И заедно, со нашите сојузници, како што беше за време на Втората светска војна, со земјите од антихитлеровата коалиција, а сега со земјите од антипутинската коалицијата, ќе победиме и сега, вели украинската амбасадорка Наталија Задорожњук.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.