11 Октомври – Денот на Народното востание против фашистичкиот окупатор ќе биде одбележан утре во Охрид со свеченост што ја организираат Општина Охрид и Сојузот на борци од Охрид и Дебрца.
Програмата започнува во 10 часот со Културна манифестација во чест на Тоде Илиевски во рамки на која ќе се одржи промоција на книгата „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски – второ издание, во издание на „Креативна верига“ во НУ Библиотека „Григор Прличев“.
Свечената програма по повод јубилејот ќе се одржи со почеток во 11 часот до Домот на култра во Лескоец. Предвидено е обраќање на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, како и музичко-сценска приказна за слободата што ја наследивме и заветот што го оставаме во која учество ќе земат хорот при ООУ „Ванчо Николески“ под менторство на проф. Тони Горгиевски, учениците од ООУ „Ванчо Николески“ под менторство на професорите: Емилија Блажеска, Елеонора Георгиеска и Ивана Крстаноска, актерите Владо Дојчиноски, Перуника Киселички, Дубравка Киселички и Марија Спиркоска Илиеска, како и музичките изведувачи Ѓоко Чеменкоски – вокал и гитара, Стефан Чеменкоски – кларинет, Бојан Маркоски – хармоника, Никола Илиоски – тарабука.
Вечерта од 20 часот во Културен центар „Култ“ – Охрид ќе биде отвоена изложбата на уметнички длеа „Созерцанија“ од Томислав Танески.




