HomeАктуелноСДСМ: Штетници, ДПМНЕ ја кочи реализацијата на патот Ранковце – Крива Паланка

СДСМ: Штетници, ДПМНЕ ја кочи реализацијата на патот Ранковце – Крива Паланка

Соопштение за јавност

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

ДПМНЕ ја кочи реализацијата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка кој претставува значаен капитален проект за североистокот и за целата држава.

Опозициската ДПМНЕ, со неставање на законот на дневен ред на комисијата за финансирање и буџет, бојкотира грант во висина од 14 милиони евра обезбедени од Светска Банка, со кои треба да се доврши патот.

Свесни за фактот дека сите процедури за добивањето на заемот се поминати во рамки на организациските тела на Светска Банка, ДПМНЕ повторно се служат со неприфатливи алатки кои носат штета на граѓаните, економијата, државата.

Со неносењето на овој закон се прави штета по буџетот на државата која ќе падне на грбот на граѓаните и даночните обврзници кои ќе мора да плаќаат пенали поради неисполнување на обврските од договрот со Светска Банка.

ДПМНЕ во отсуство на конкретна понуда за програмски развој на државата се служи само со блокади.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.