Во Македонска Каменица продолжува изградбата на водоводни системи на секундарната водоводна мрежа во повеќе приградски населби. Активностите, како што информираа денеска од општината, ги реализираат екипи на комуналното претпријатие Камена Река.
-Во рамки на активностите се градат нови водоводни линии и сегменти од секундарната водоводна мрежа за потребите на жителите на Македонска Каменица од приградските населби Павлиш Дол и Грчко маало, истакнаа од општина Македонска Каменица.
Градоначалникот Димчо Атанасовски кој изврши ивид во работите, додаде дека во девет месеци изградена е дел од водоводна и канализациона мрежа во речиси сите средини.
Најави продолжување на активностите со уште поинтензивно темпо, се до конечно решавање на проблемите од ваков карактер и во останатите делови од М.Каменица.
Претходно екипи на претпријатието ги завршија активностите за изградба на новата канализациска линија за потребите на домаќинствата од Митревско маало.
