HomeАктуелноСе повлекува водата во поплавените села во Долнени, исклучена електричната енергија

Се повлекува водата во поплавените села во Долнени, исклучена електричната енергија

Водата во поплавените населени места се повлекува. Поголем дел од општина Долнени е без електрична енергија, но не поради дефект туку превентивно е исклучена струјата да заштитат луѓето и мрежата, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи.

Екипи од ЕВН се на терен и ја следат ситуацијата, а припепската противопжарна единица работела на испумпување на вода од подрум во маркет во селото Лажани.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

До овој момент нема повредени или настрадани.

Поројните дождови во Долнени предизвикаа поплавување во Лажани, Дебреште и Житоше. Во Лажани водата навлегла во педесеттина куќи.

Заради поплавувањето на подрумските куќи беше извршена евакуација на загрозените жители на селото.

Невремето предизвика поплавувања и во Виница и Тетово.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.