HomeАктуелноСедница на Советот на Општина Охрид во петок

Седница на Советот на Општина Охрид во петок

Четиринаесеттата седница на Советот на Општина Охрид ќе се одржи во петок со почеток во 09:00 часот во зградата на Општина Охрид. На дневен ред 25 точки меѓу нив Предлог-програми за измени на програмата за поддршка на локалниот економски развој, за измени на програмата за поттикнување на развојот на туризмот, за измени на програмата за активностите на Општина Охрид во областа на културата за 2022 година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Предлог-програми за измени на програмата за спорт и рекреација за 2022 година, на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Охрид 2022 – 2024 година, за финансиските потреби на ТППЕ Охрид за 2022 година, на програмата за млади и невладини организации за 2022 година, програмата за заштита на животната средина и природата за 2022 година, за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на Општина Охрид во областа на основното образование за 2022 година (Н1).

Предлог-програми за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на Општина Охрид во областа на основното образование 2022-2024 година (НА), како и Предлог-програма за измени за здравствена и социјална заштита за 2022 година (Т1).

Предлог-одлука за усвојување на програмата за работа на Советот за заштита на потрошувачите на општина Охрид за период 2022 – 2023 година. Предлог-одлука за отстапување на користење паркинг простор од општина Охрид на ЈП „Билјанини извори“ Охрид. Предлог-одлука за престанување на важност на одлуката за давање согласност на одлуката за отстапување на правото на користење и управување со недвижности од ЈП„Охридски комуналец“ Охрид на ЈП„Погребни услуги“ Охрид и одлуката за отстапување на право на сопственост на недвижен имот – полигон за обука на возачи од ЈП „Погребни услуги“ Охрид на ЈП „Градски гробишта“ Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.